• Иван Димовски
Непосредно пред натпреварот меѓу Јувентус и Милан, интересна изјава даде легендарниот голман Џанлуиџи Буфон.
Италијанецот зборуваше за Лука Модриќ, за кој и понатаму смета има квалитет да биде фактор на најголемите натпревари. Легендарниот италијански голман во интервју за „Газета дело Спорт“.
„Модриќ не ме импресионира само поради техниката. Големите шампиони се посебни и поради желбата. Ме радуваат приказните како неговата. Модриќ е Модриќ и ако се користи на вистински начин, сè уште може да прави разлика“, изјави Буфон.
Јувентус и Милан во дербито од третото коло на Серија А влегуваат со максимален учинок и по шест освоени бода. Натпреварот во Торино започнува од 20:45 часот.


