Буфон не помислува на пензија, Италијанецот ќе потпише за Порто?

Италијанскиот ветеран Џанлуиџи Буфон нема да се прости од активно играње на фудбал и ќе остане во професионалните води уште една сезона. Шпекулациите од Италија и Португалија велат дека веќе се наѕира и новиот клуб на легендарниот голман.

Буфон во текот на летото ќе си замине од ПСЖ, но веќе на маса има понуда од Порто и во наредната сезона повторно би играл во Лигата на шампионите.

41-годишникот доби понуда да се вклучи во раководниот дел на Јувентус, но веројатно тој ќе ја прифати понудата на Португалците и ќе го замени на голот, Икер Касилјас, кој неодамна претрпе срцев удар и ќе ја заврши професионалната кариера.

Со исклучок на Лигата на шампионите, Буфон нема трофеј кој не го освоил во клупскиот фудбал, а стана и светски првак со италијанската репрезентација во 2006 година во Германија.