Буфон: Наполи е во неговото срце, но Кавани со ПСЖ ќе има поголеми шанси за трофеј во ЛШ!

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, гостуваше во популарната емисија „Тика-така“, во која одговараше на секакви прашања поврзани со својот нов клуб, ПСЖ, а едно од нив беше и преминот на неговиот соиграч Единсон Кавани во редовите на Наполи. 

„Со Кавани разговарав за неговото евентуално заминување во Италија. Наполи е во неговото срце, но мислам дека со ПСЖ ќе има поголема шанса да стигне до својот прв трофеј во Лигата на шампионите. Не велам дека не постојат шанси да премине во Наполи, но сигурен сум дека со нас ќе остане до крајот на оваа сезона“, вели Буфон. 

Пари Сент Жермен е на прагот да обезбеди нова елиминациона фаза во Лигата на шампионите, а за тоа му е потребно победа на гостувањето во Белград кај Црвена Звезда.