Буфон: На Донарума му реков само една работа

Сагата околу Џанлујџи Донарума и неговото потпишување на нов договор со италијанскиот гигант, Милан, сè уште е главна вест кај тамошните медиуми. 

Младиот голман има договор со миланскиот тим до 2018 години, а пред извесен период одби да потпише нов. За оваа ситуација се огласи и голманската легенда на Италија, Џиџи Буфон, кој вели дека разговарал со својот наследник во репрезентацијата, но не дошол до заклучок дали Донарума ќе остане во Милан или не. 

„Не сакам да давам совети, бидејќи и јас правам грешки, па не сакам да придонесам во овој голем хаос. Разговарав со него, но нема да ви откријам што зборувавме. Сепак, не знам дали ќе остане во Милан или не, јас му реков само да го направи она по кое нема да се кае“, вели Буфон. 

Донарума до пред неколку дена беше со младинската селекција на Италија на ЕП во Полска и се очекува набрзо да се врати во Милано за да стави крај на овој хаос.