Буфон: Младите фудбалери мора да ја користат секоја шанса и да учат од ветераните

Џанлуиџи Буфон

Џанлуиџи Буфон, голманот на италијанската репрезентација, е најискусниот во сегашната селекција на „азурите“. Пред два дена тој го одигра 1.000. меч во кариерата, а истиот беше зачинет со победа над Албанија (2-0) во рамки од квалификациите за СП во Русија 2018.

По мечот, 39-годишниот голман ги пофали младите фудбалери, кои се дел од репрезентацијата, за кои вели дека имаат единствена задача, а тоа е да учат од нив, ветераните.

„Во текот на мечот моравме да се справиме со неколку потешкотии, бидејќи Албанците креираа неколку шанси за погодок. Мило ми е што не им го дозволивме водството и постигнавме два гола за рутинска победа. За сите нас искусните фудбалери многу важно е да им го пренесеме знаењето на следната генерација на фудбалери, кои ќе треба да продолжат да ги бранат боите на репрезентацијата. Тие одлично си ја завршија работата, а за дополнително искуство мора да гледаат на нас постарите членови на репрезентацијата“, изјави Буфон.

Шпанија и Италија имаат 15 бода во нашата група, во која Македонија вчера ги запиша првите три со победата на гости кај Лихтенштајн (0-3).