• Горан Упале

Легендата на италијанскиот фудбал Џанлуиџи Буфон му честиташе на националниот тим на Иран за победата од 2-0 над Велс на СП во Катар.
Покрај тоа, искусниот чувар на мрежата истакна дека иранските фудбалери за многумина се херои, а за него се пример.
„Со својата храброст ќе влезете во историјата. Денешната победа е знак на надеж и сила за оние во вашата земја кои се борат за слобода. За многу луѓе вие сте херои, за мене сте пример“, напиша светскиот шампион со Италија во 2006 година.
Масовните демонстрации во Иран започнаа во втората половина на септември, а фудбалерите на репрезентацијата не ја ни пееја националната химна во знак на поддршка против репресијата од страна на властите.