Буфон има две опции за кариерата, едната е да брани до 45 години

Италијанската легенда, Џанлуиџи Буфон иако има 43 години, не планира да стави крај на кариерата. Голманот на Јувентус по авантурата во ПСЖ се врати во Торино, а таму е втора опција на „старата дама“ зад Војчех Шчешни. Интересно, самиот Буфон најави дека сака да брани уште две сезони, што значи дека ќе има полни 45 години. 

„Го имам во глава датумот за крај на кариерата, мојата последна можна точка. Тоа е јуни 2023 година, но сепак постои шанса и порано да ја завршам кариерата“, изјави Буфон неодамна. 

Сонот на Буфон да стигне до трофејот во Лигата на шампионите не му се исполни ниту оваа сезона, ниту со Кристијано Роналдо во тимот Јувентус не може да направи исчекор, напротив двапати порано од очекуваното испаѓа од елитното натпреварување. 

Буфон сезонава бранеше само десет натпревари, доколку посака клубот ќе му ја исполни желбата да го задржи и понатаму како резервен голман, а постои и опција да замине во послаба средина каде што редовно би бранел.