Буфон го советува Донарума: Дојди во Јувентус, така сигурно нема да погрешиш

Донарум и Буфон

Познато е дека Милан се наоѓа во лош момент поради финансиските проблеми, па првите ѕвезди на тимот веќе започнаа да бараат опција надвор од „Сан Сиро“.

На голем удар оваа сезона беше Џанлуиџи Донарума, талентираниот италијански голман кој заврши во солзи по навредите од страна на навивачите. Неговиот агент, Мино Рајола изјави дека неговиот клиент ќе ја продолжи кариерата во друг клуб.

Совет за 18-годишникот има неговиот постар колега од репрезентацијата, Џанлуиџи Буфон, кој тврди дека преселбата во Јувентус никогаш не е грешка.

„Не сум во неговата кожа, но едно е сигурно. Доколку дојде во Јувентус сигурно нема да погреши. Не знам како е емотивно поврзан со Милан. Она што ќе ја направи разликата при неговата одлука ќе биде тоа што се наоѓа во неговата душа“ , изјави чуварот на мрежата на „старата дама“.

Покрај Јуве, за Донарума интерес има од Реал Мадрид, Челзи и ПСЖ