Буфон е болен, против Република Ирска на голот Сиригу или Маркети?

Gol.mk на EURO 2016

Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, е неизвесен за мечот против Република Ирска во среда. Голманот на Јувентус ги пропушти последните два тренинзи бидејќи има висока температура.

Буфон пред мечот со Шведска ги стисна забите и излезе на стадионот во Тулуз на мечот кој Италијанците го добија со 1-0. 

Антонио Конте со себе ги поведе Федерико Маркети и Салваторе Сиригу, а еден од нив ќе добие шанса на третиот меч во грипата, кој за Италија е безначаен.