Буфон до навивач: Ти си од Вухан, имаш коронавирус

Фудбалерите на Јувентус во финишот од дуелот со Милан на „Сан Сиро“ дојдоа до реми од 1-1, во првиот полуфинален дуел од Копа Италија. 

По натпреварот во центарот на вниманието се најде Џиџи Буфон, кој реши да подели автограми на најсреќните фанови. Еден од навивачите беше Кинез, па легендарниот голман на шега му кажа дека го познава како е заразен со коронавирус. 

  • Шегата на Буфон со кинески навивач:

Сепак, невкусната шега се заврши со насмевки од навивачот кој не му замери на својот идол.