Буенос Аирес на нозе – се спрема трансфер на Буфон во Бока?

Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс подготвува голем трансфер идното лето и во своите редови го посакува еден од најдобрите голмани во историјата на оваа игра Џанлуиџи  Буфон, денес пишува локалниот медиум „Оле“.

Буфон неколку пати најави дека оваа сезона е последна за него, но клубот од „Бомбоњера“ веќе подготвува стратегија како да го предомисли Италијанецот и да го натера својата кариера да ја заврши во Аргентина

Од редовите на аргентинскиот клуб се надеваат дека ќе успеат во оваа намера и ќе го убедат Буфон да им се приклучи, па Бока би била само третиот тим на 40-годишниот чувар на мрежата во својата кариера. Пред да пристигне во Јувентус, шест години Буфон беше дел од тимот на Парма.