Будимпешта ќе биде домаќин на Тотенхем и Волфсбергер во Лига Европа

Пушкаш Арена

Рестрикциите во Велика Британија поради појавата на новиот вид коронавирус ги селат англиските екипи надвор од своите стадиони.

Тотенхем ќе игра со Волфсбергер во 1/16-финалето од Лига Европа, но нема да го игра мечот на домашен терен. Денес „петлите“ потврдија дека ќе се судрат со ривалот во Будимпешта.

Домаќин на екипите ќе биде „Пушкаш Арена“, а терминот на одигрување ќе остане ист, односно 19:00 часот.

Претходно беше објавено дека Реал Сосиедад ќе го пречека Манчестер Јунајтед во Торино, а направени се и некои промени од натпреварите во Лигата на шампионите, во кои се вклучени екипи од Островот.