ВИДЕО: Будимир ја спаси Осасуна и го шокира Атлетик среде „Сан Мамеш“

Осасуна

Осасуна избегна пораз во самиот финиш на гостувањето кај Атлетик Билбао (2-2) во 35. коло од Примера.

  • Извештај од натпреварот:

По само една минута игра резултатот беше отворен. Морсиљо ја затресе мрежата на Херера и најави ефикасна вечер. Кратко траеше радоста на домашните фудбалери, бидејќи екипата од Памплона го возврати ударот.

Убав погодок постигна Брасанац и го пронајде патот до целта со глава. Тоа беше резултатот со кој се замина на пауза. Домаќинот отвори подобро во второто полувреме и успеа одново да стекне предност. Сансет биеше неодбранливо и се чинеше дека го одлучи прашањето на победникот.

Меѓутоа Будимир не мислеше така и во 89. минута го шокира Атлетик. Хрватот ги постави конечните 2-2 и донесе голем бод за Осасуна.