• Горан Упале
Вечерва беше спуштена завесата од 15. коло во шпанска Примера и во Севиља домашниот тим се спаси од пораз и одигра 1-1 против незгодната Осасуна.
Во првиот дел Севиља доминираше на теренот, имаше 67% посед на топката и шест удари кон противничкиот гол, но ниту еден од нив не заврши во посакуваната цел, па на полувреме мрежите мируваа на „Рамон Санчез Писхуан“. Слична беше и ситуацијата и на стартот од вториот дел, но овој пат промашувањата на домашните фудбалери беа казнети и хрватскиот ас Анте Будимир со својот деветти овосезонски гол во Примера донесе гостинска радост во Севиља.
Сепак, Осасуна не успеа да ја сочува стекнатата предност, затоа што Лукебакио на додавање на Саул Нигез ја затресе мрежата на противникот и на некогашниот освојувач на Лигата на Европа му донесе бод од овој натпревар (1-1).
Во следното коло, кое на програмата е овој викенд, Севиља го игра дербито со Атлетико Мадрид, додека Осасуна, која што котира високо на табелата (седмо место) на свој терен ќе го пречека тимот на Алавес.