• Саше Љолес
Екипите на Осасуна и Бетис ги поделија бодовите откако ремизираа со конечни 1-1 (1-1) во натпреварот од 31. коло на шпанската Примера.
- Извештај од натпреварот:
Гостите од Андалузија ја начнаа домашната мрежа уште во седмата минута со голот на Абде Езалзули, кому му асистираше искусниот Хектор Белерин. Беше Бетис близу да замине на паузата со минимална предност, но Осасуна возврати со прецизно изведениот пенал на Анте Будимир во 40. минута.
Во вториот дел видовме прилично израмнета игра, со голема борба на средината од теренот. Двете екипи вкупно седумпати се заканија во рамките на голот, но резултатот остана непроменет до крајот.
Осасуна сега има 39 бода и се наоѓа на деветтата позиција, додека Бетис загуби важни два бода во битката за евро-куповите, но уште е на петтото место, со 46 бодови на своето салдо.







