Бржечек исклучи игра со тројца напаѓачи: Повеќе голгетери не носат подобра игра!

Некогашниот полуфиналист на Светско првенство и селекција која произвела големи фудбалери како Полска пристигна во нашата земја. Иако со неколкучасовно доцнење, делегацијата на селекцијата со најголем рејтинг во нашата група нема да менува ништо од вообичаената агенда.

Пред официјалниот тренинг на медиумите им се обрати селекторот на полската национална селекција, Јержи Бржечек.

„Едно е официјалното рангирање на ФИФА, а друго реалниот квалитет. Во претходните квалификации Македонија освои 12-13 бода против моќни селекции. Имаат микс на искусни и млади фудбалери и ќе имаме силен противник утревечер. 

Два натпревари во јуни еден по друг не се најпогодни. Околу 25-26 мај сите фудбалери завршија со клупските обврски. Ќе бидам среќен ако таа форма ја пренесат денес и покрај паузата. Размислувам за игра со тројца напаѓачи, но нашите тројца имаат слични карактеристики и не секогаш повеќе напаѓачи носат подобра и поофанзивна игра“, заврши Бржечек.

Повредениот Шчешни и неповиканите Рибус и Блажиковски се единствените измени од очекуваниот полски состав за стартот на квалификациите.

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 4 4 0 0 8:0 8 12
2 ИзраелИзраел 4 2 1 1 8:7 1 7
3 АвстријаАвстрија 1 4 2 0 2 7:6 1 6
4 СловенијаСловенија 1 4 1 2 1 7:3 4 5
5 МакедонијаМакедонија 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛетонијаЛетонија 4 0 0 4 1:13 -12 0