ВИДЕО: Брутален старт на Ракитиќ, Севиља со два црвени картони загуби од Сосиедад

Фудбалерите на Реал Сосиедад победија на гостувањето кај Севиља со 1-2 (1-2) во рамките на 14. коло на шпанската Примера. Гостинот во Андалузија го искористи фактот што домашните уште во првиот дел останаа со деветмина на теренот, па рутински ги освои трите бода. 

Резултатот на „Рамон Санчез Писхуан“ го отвори Александер Сорлот по 20 минута игра. Норвежанецот доби топка низ одбраната од Мерино, па со лоб погоди за 0-1. Севиља остана со десетмина осум минути подоцна. Искусниот Иван Ракитиќ беше навистина невнимателен и го нагази Мендез, а за среќа не му ја скрши ногата. Веќе во 34. минута „поцрвене“ и Танги Нианзу, исто така поради незгоден старт одново врз Мендез.

Откако го „истепаа“, фудбалерот на Сосиедад успеа да погоди за удвојување на позитивата (0-2). Мерино пак беше асистент, а Мендез добро се снајде и откосо стрела. До полувремето уште еднаш се тресеа мрежите во Андалузија. Рафа Мир мајсторски со глава по центаршут на Телес погоди за 1-2. Во продолжението Сосиедад беше подобар ривал, меѓутоа погодоци во вториот дел немаше. 

Реал Сосиедад со 26 бода е прв зад водечките две екипи на табелата, додека Севиља е на 17. место. 

Состави

Jorge Sampaoli

4-4-2

    Imanol Alguacil

    4-4-2