ВИДЕО: Брустер главна атракција, европскиот првак тргна со шест гола!

Три недели до англискиот Суперкуп против Манчестер Сити и еден месец од Суперкупот на Европа против Челзи, европскиот шампион Ливерпул ги започна тест натпреварите. Без скоро цел тим, без учесниците на Купот на Африка и Копа Америка, Јирген Клоп состави тим преполн со голобради момчиња и пак извојува убедлива победа.

Вечерва во Ливерпул „црвените“ ги совладаа комшиите од Транмере со 6-0, Бекот Клајн уште во третата минута ја најави серијата на голови. Брустер постигна два гола, а во вториот дел погодија Картис, Данкан и Дивок Ориги.

  • Извештај од натпреварот: 

Клоп по натпреварот го издвои младиот Брустер и заедно со заздравениот Оксел-Чембрлејн ги смета за најголеми засилувања за сезоната 2019/20.