Бруно за Ристовски: Те сакам брат, ти си пример за сите во Македонија!

Македонија зад себе остави најуспешни квалификации за Светското првенство во Катар кон крајот на оваа година. Иако не патуваме на Мундијалот, како никогаш досега не бевме на само 90 минути од историски пласман, а низ патот во овие квалификации извојувавме херојски победи над светските велесили Германија и Италија. Сепак, не го издржавме притисокот во Порто и го загубивме финалето од Португалија.

Капитенот Стефан Ристовски со објава на социјалните мрежи им се заблагодари на сите за поддршката и најави нови успеси на оваа генерација.

„Драги наши навивачи. Од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме.
Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво. Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме. Верувам дека во иднина ова искуство ќе ни донесе нов пласман на големо натпреварување. Македонско сонце го огреа светскиот фудбал. Ние сме шампиони на срцата, а некогаш тоа е поважно од сѐ. Нестрпливи до следниот предизвик. Верувајте во оваа Македонија. Напред Македонија, Рики“, гласи пораката на капитенот.

  • Објавата на Стефан Ристовски:

На оваа објава македонскиот репрезентативец доби огромен број на коментари, меѓу кои и од ѕвездата на Португалија и негов голем пријател Бруно Фернандез.

„Те сакам брат ❤️ти си пример за сите во својата земја“, коментираше членот на Манчестер Јунајтед.

Токму плејмејкерот на Португалија ги сруши сите наши надежи за СП, постигнувајќи ги двата гола на дуелот на „Драгао“.

Состави

Фернандо Сантос

4-3-3

    Благоја Милевски

    4-4-2