Бруно: Роналдо реши да тргне по друг пат, ми се оствари сонот да играм со него

Бруно Фернандез, асот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Португалија ја коментираше одлуката на неговиот клуб да му врачи отказ на Кристијано Роналдо.

Двајцата фудбалери моментално се заедно на Мундијалот во Катар каде ќе се обидат да остварат што подобар пласман со репрезентацијата на Португалија.

„Кристијано реши да тргне по друг пат. Ја почитувам неговата одлука, бидејќи мисли дека тоа е најдобро за него и за неговото семејство“, рече Бруно.

Фернандез вели дека не разговарал на оваа тема со Роналдо.

„Фокусирани сме 100 отсто на Светското првенство. Јас не заземам страна во она што се случи. Само ќе кажам дека ми беше сон да играм со Роналдо во ист клуб“, заклучи Фернандез, демантирајќи ги приказните за конфликт со Роналдо.

Португалија, својот прв натпревар на СП го игра денес против селекцијата на Гана.