Бруно призна: Навивачите се во право, не го заслужувам дресот на Јунајтед!

Манчестер Јунајтед забележа нов удар во Премиер лигата и математички ги загуби сите шанси за ново учество во Лигата на шампионите.

„Ѓаволите“ во саботата доживеаја дебакл на гостувањето кај Брајтон, а по поразот од 4-0, Бруно Фернандез призна дека навивачите имаат право кога скандираат дека не се доволно добри да го носат дресот на легендарниот клуб од „Олд Трафорд“.

„Нè надиграа. Брајтон секогаш имаше решение, а ние не. Нè притискаа и ја заслужија победата.

Ја заслуживме позицијата во која што сме сега. Се вклучувам и себеси во неуспехот, добро велат навивачите, не сме доволно добри за овој дрес, за она што го направив јас денес. Не бев доволно добар за да го носам дресот и ги прифаќам критиките“, порача Бруно.

Манчестер Јунајтед зад себе ќе остави уште една сезона за заборав, а од следната се очекува да започне од „нула“ со Ерик Тен Хаг на клупата.

Состави

Graham Potter

3-4-2-1

    Ралф Рангник

    4-2-3-1