Бруно не заминува во јануари, ќе го преиспита својот статус на лето!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не планира да си замине од клубот овој јануари. Иако во последно време имаше шпекулации за неговата иднина по смената на тренерот Рубен Аморим, тој останува посветен на клубот и не сака да бара трансфер во зимскиот преоден рок. 

Се очекува Фернандеш повторно да ја преиспита ситуацијата на лето, кога ќе му остане уште само една година од договорот. И покрај тоа што минатото лето одби голема понуда од Саудиска Арабија и има интерес од други клубови, тој би сакал да остане во Европа ако сепак реши да си замине.

Во меѓувреме Манчестер Јунајтед е во период на турбуленции со привремен тренер по смената на Аморим, но Фернандеш засега останува со клубот и ќе продолжи да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на сезонава.

Навивачите силно посакуваат Португалецот да остане во Јунајтед, а дел од нив сметаат дека само тој е играч од светска класа во овој тим на „ѓаволите“. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.