• Иван Димовски
Бруно Гимараеш и во Арсенал ќе го носи бројот 39, кој со години е негов заштитен знак во професионалната кариера. Таа бројка ја носеше и во Њукасл Јунајтед, па сега продолжува и во Лондон.
Зад необичниот избор стои семејна приказна. Таткото на бразилскиот репрезентативец повеќе од две децении работел како таксист, а неговото возило го носело токму бројот 39. Кога Гимараеш започнувал професионално да игра фудбал, сакал да го избере бројот 97, но татко му имал друга идеја.
„Татко ми беше таксист повеќе од 20 години, а неговото такси го носеше бројот 39. Таксито му обезбеди на нашето семејство дом, храна, облека и сè што ни беше потребно. Кога станав професионален фудбалер и сакав да го земам бројот 97 во мојот прв клуб во Бразил, татко ми рече: „Не, земи го 39. Тој број ти даде сè“. Оттогаш, секогаш го носам бројот 39“, откри Гимараеш.
Оттогаш, 39 стана неговиот број во секој клуб за кој настапуваше, а традицијата продолжува и во Арсенал.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






