Бруно Акраповиќ пак ќе работи со соработник од Шкендија

Бруно Акраповиќ во моментов работи во бугарскиот клуб Хебар Пазарџик кој е дел од најдобрата лига во земјата, а во тимот доаѓа еден тренер од Македонија.

Нов член на Хебер е 53-годишниот Метин Далип, кој во таборот на бугарскиот клуб доаѓа во улога на кондициски тренер. Акраповиќ и Далип одлично се познаваат, со оглед на тоа што долго време работеа заедно во Шкендија.

Далип беше во Шкендија од 2014 до 2022 година, неколку месеци мина во Ал-Вехда во Саудиска Арабија, а во минатото беше фитнес-тренер во Слога Југомагнат, Вардар и Работнички.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.