• Саше Љолес
Екипата на Монако оствари победа на домашен терен над Олимпик Марсеј со конечни 2-0 (1-0) во натпреварот од второто коло на француската Лига 1.
Германецот Парис Брунер беше најдобар поединец на мечот, ги постигна двата гола за домашниот тим (13. и 54. минута), носејќи важен триумф во дерби пресметката и максимални шест бода на првенствената табела.
- Монако - Олимпик Марсеј 2-0:
Гостите од Марсеј повеќе ја имаа топката, не беа воопшто лоши во офанзивна смисла, но ниту еден од четирите удари не заврши во мрежата на Монако. Домаќинот успеа да го запре и последниот налет на ривалот и не дозволи да си ја загрози предноста.
Во следното коло, Монако оди на уште едно големо дерби против ПСЖ во Париз, а Олимпик Марсеј ќе го нагости тимот на Париз ФЦ.






