Брукс: Ќе беше неправедно ако Македонија победеше! 

Еден од најдобрите фудбалери на велшката фудбалска репрезентација, Дејвид Брукс, во ист момент беше и среќен и разочаран од настаните и конечниот резултат на натпреварот во Скопје. Македонија и Велс одиграа драматичен квалификациски натпревар, кој заврши без победник (1-1).

Двата гола беа постигнати во судиското надополнување, а херој на Велшаните беше токму членот на премиерлигашот Борнмут.

„Ова беше многу тежок натпревар. Гостувањата на вакви терени секогаш се предизвик. Еден од нашите најискусни играчи направи грешка, а тимот сакаше да му помогне.

Среќен сум што јас бев тој што го постигна голот. Можеби заслуживме повеќе, но на крајот мора да го прифатиме овој бод, знаејќи колку бевме блиску до пораз. Ќе беше многу неправедно Македонија да освои три бода. Се надевам дека во јуни ќе ги освоиме сите шест бода“, изјави фудбалерот на Борнмут за „Гардијан“.

По двете одиграни кола и Македонија и Велс имаат по четири бода, а нови бодови ќе бркаат во јунскиот квалификациски прозорец.