Брозовиќ би можел да биде изненадувањето на Далиќ за вечерашното полуфинале

Брозовиќ

Фудбалерот на Интер, Марсело Брозовиќ, беше на резервната клупа на дуелот со Русија во четвртфиналето, но вечерва би можел да се врати во првата постава на Златко Далиќ.

Хрватскиот селектор против Русите се обиде да игра со двајца напаѓачи (Манџукиќ и Крамариќ), но денес очигледно нема да сака да презема таков ризик, па 25-годишниот Брозовиќ би можел да истрча од првата минута. Неговото присуство ќе донесе поголема стабилност во средниот ред на „коцкестите“ со оглед на неговата добра игра во дефанзива.

Тоа ќе им овозможи на Лука Модриќ и Иван Ракитиќ да имаат поголема слобода и да играат понапред и да бидат опасност по голот и одбраната на англиската репрезентација. Брозовиќ запиша 39 натпревари и постигна шест гола за хрватската репрезентација.

Вториот финалист ќе биде познат вечерва на стадионот „Лужники“ во Москва.