ВИДЕО: Брозо и Лукаку стрелаа, Милан остана редовен муштерија на Интер

Екипата на Интер во големото градско дерби со Милан успеа да слави со 2-0 (0-0) и остана перфектна по четири кола, со четири победи во италијанската Серија А.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот на Антонио Конте одигра одличен натпревар и со два гола во второто го реши противникот. Дуелот можеше да даде повеќе погодоци, но другите стрелци и за Интер и за Милан се наоѓаа во офсајд-позиции во првото полувреме.

Миланското дерби по повеќе шанси на обете страни и посебно неколку одлични интервенции на Џиџи Донарума се отвори во 49. минута, кога со еден шут од далечина погоди Марсело Брозовиќ, со помош на бразилскиот играч Леао. Хрватот шутираше по една топка од Сенси, а истата се одби од него и заврши во мрежата. 

Победата на Интер се потврди во 78. минута, кога по левата страна влезе Барела и нафрли, а со глава во мрежата на „росонерите“ стрелаше Ромелу Лукаку, кој ја насочи топката во спротивната страна од голот на италијанскиот голман.

Интер е единствениот перфектен тим во Серија А со четири од четири, а во наредното коло игра со Лацио. Милан, пак, има две победи и два пораза и наредниот меч го игра на гости кај Торино.