Бројките не лажат: Клоп е најдобар во историјата на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул го победија ЛАСК во Линц со 3-1, на стартот од сезоната во Лигата на Европа. Ова воедно беше 50-та победа на Јирген Клоп во европски натпревар, а веќе е познато дека тој е менаџер со најмногу европски победи во историјата на клубот од „Енфилд“.

„Дозволете ми да кажам вака. Ако имам 50 победи и по оваа групна фаза, дури и ако имам најмногу победи во Европа како менаџер на Ливерпул, тогаш сите ќе го мразат тоа“, рече Јирген Клоп.

Германскиот стручњак во сезоната 2015/16 за првпат го водеше Ливерпул токму во Лигата на Европа. Тогаш англискиот гигант беше поразен во финалето од Севиља со 3-1 и тоа беше последен меч на англискиот тим во Лигата на Европа. Клоп потоа забележа дури 40 победи во Лигата на шампионите.