Бројките не лажат: Еве кој е најдобриот фудбалер во Премиер лигата!

Кол Палмер е најдобриот играч на Челзи во последните две години, но по некои параметри е најдобар играч во целата Премиер лига. Палмер дојде во Челзи од Манчестер Сити. Во тимот на Пеп Гвардиола имаше споредна улога, влегуваше од клупата и не придонесуваше премногу поради недостигот на минутажа и високата конкуренција.

Сепак, сè се промени кога тој пристигна на „Стемфорд Бриџ“. Палмер стана главна напаѓачка опција на Челзи и еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата. Статистиката која ја вклучува претходната и тековната сезона покажува дека е најдобриот. 

Палмер е играчот со најмногу голови и асистенции комбинирани во претходните две сезони во Премиер лигата. Англискиот репрезентативец учествуваше со 44 гола, додека Ерлинг Халанд е втор со два помалку.

Палмер постигна 28 гола и додаде 16 асистенции во последните две сезони. Тој не е најдобар стрелец на листата, но е најдобар асистент заедно со Букајo Сака.