ВИДЕО: Број еден во светот - двете ЧУДЕСНИ ИНТЕРВЕНЦИИ на Тер Штеген кои ја спасија Барса

Тер Штеген

Екипата на Барселона може да биде задоволна што од гостувањето кај Атлетик Билбао си замина со еден освоен бод.

Очајното издание на фудбалерите на Ернесто Валверде го спаси голманот Тер Штеген. Германецот имаше две спектакуларни одбрани, со кои спречи Баскијците да поведат и практично да ги освојат трите бода од овој тежок меч.

Првата се случи во воведното полувреме кога од далечина шутираше Маркел Сусаета.

Втората, пак, која е уште поубава, го спречи Ињаки Вилијамс во завршницата да стави точка на фантастичната вечер на тимот од Билбао. 

Барса остана на врвот на табелата, сега со шест бода предност пред вечниот ривал Реал Мадрид, кој со триумфот во градското дерби го прескокна Атлетико Мадрид.