ВИДЕО: Броби повреден постигна гол, Ајакс го надигра ПСВ и го презеде врвот

Фудбалерите на Ајакс забележаа голема победа на гостувањето на „Филипс Арена“, откако со минимални 1-2 го совладаа лутиот ривал ПСВ Ајнтховен, а со тоа и го симнаа од лидерската позиција во Ередивизие.

  • Извештај од натпреварот:

Шампионот резултатот го отвори во 34. минута, кога Брајан Броби, иако повреден, успеа да ја искористи перфектната асистенција на Душан Тадиќ и со глава погоди за 0-1. 19-годишниот напаѓач поради болки не можеше ниту да го прослави погодокот и веднаш беше заменет со Данило.

Во вториот дел ПСВ Ајндховен се врати во игра, откако Гетце погоди за 1-1,  но тоа не му донесе поволен резултат на домаќинот, затоа што Насар Мазрауи со гол во 74. минута ги постави конечните 1-2.

Со оваа победа Ајакс го замени ПСВ Ајндховен на врвот на табелата и сега има два бода повеќе од големиот ривал.

Состави

Rutgerus Johannes Martinus van Nistelrooy

4-2-3-1

    Alfred Schreuder

    4-3-3