• Горан Упале


Екипите кои ја затворија претходната сезона во белгискиот фудбал отвораат нова, со натпревар во Суперкупот. Во последното коло од плеј-офот за шампионскиот пехар, Генк на „Јан Брајдел“ на 23 мај го совлада Клуб Бриж со 2-1, но тоа беше пирова победа бидејќи „сино-црните“ веќе ја обезбедија втората последователна, а вкупно 17-та, титула во историјата. „Штрумфовите“ како утеха останаа со триумф во Купот и свеста дека можат да се справат со шампионот затоа што го декласираа дома на почетокот на истиот месец со резултат 3-0.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот Бриж - Генк
Односот на силите не се смени многу бидејќи и двете екипи сметаат на речиси идентичен играчки кадар, а на клупите на ривалите останаа Филип Клемон и Холанѓанецот Џон ван ден Дром. Значи, нема поголеми непознати и специјални тактички замки, како и посериозни хендикепи во форма на повреди - исклучок е отсуството на домашниот голман Симон Миноље, кој го повреди коленото за време на загревањето пред натпреварот Белгија - Португалија на штотуку завршеното Европско првенство и ќе отсуствува уште најмалку две недели.
Непотребно е да се нагласи дека Генк го сака трофејот, пред сè поради стекнување самодоверба пред искушенијата што следат, а судејќи според традицијата, поблиску е рекордерот на Клуб Бриж (15 победи и само три неуспеси): Блаув-зварт на свој терен никогаш не загубил натпревар од Суперкупот и ова е негов осми настап на некогашниот Олимписки стадион. Интересно е и тоа што дуелите во ова натпреварување обично завршуваат со 2-3 гола, а тоа беше случај во претходните два наврати кога се сретнаа истите овие актери. И двата дуели му припаднаа на Бриж, затоа очекуваме историјата да се повтори во секој поглед.