Британските власти ѝ дозволија на Белорусија да го одигра мечот со Северна Ирска

Фудбалската репрезентација на Белорусија доби дозвола од британските власти за да слета во Северна Ирска и да го одигра натпреварот од Лигата на нации, кој е закажан за петнаесетти ноември. 

Белорусите уште се под одредени санкции од УЕФА поради руската инвазија на Украина и не смеат да играат мечеви на домашен терен, а таков беше случајот и на првиот дуел со Северна Ирска, кој беше одигран во Унгарија. 

„Би Би Си“ пренесува дека членовите на националниот тим добиле специјална британска виза за престој во траење од само 72 часа, што значи дека овој натпревар ќе се одигра во закажаниот термин.

Белорусија е непоразена во својата група, има една победа и три ремија, а токму дуелот против Северна Ирска треба да го даде победникот во оваа конкуренција од Ц сегментот во Лигата на нации.