Британски „Сан“ тврди: Рестарт во Премиер лигата на 8 јуни

Челниците на Премиер лигата закажаа состанок за утре, на кој треба да се разгледа можноста за продолжување на сезоната. Според најавите од британски „Сан“, на утрешната видео конференција ќе биде претставен план и конкретен датум за враќање на терените. 

Се шпекулира дека елитниот ранг на фудбал во Англија ќе се рестартира на осми јуни, зад затворени врати. Веќе беше најавено дека премиерлигашки фудбал ќе се игра дури и доколку некој од фудбалерите е позитивен на вирусот, па овие наводи личат како реална опција. 

<<< - ПОВРЗАНО - Позитивен тест на ковид-19 во ПЛ ќе се третира како најобична повреда

Владата во оваа земја би требало на седми мај да ги олабави мерките, па тимовите би биле слободни да се вратат во тренажен процес. Најверојатно ограничувањата на тренинзите ќе траат неколку недели и ќе треба да се работи во помали групи. 

Се очекува сите фудбалери и лица од тимскиот персонал кој е потребен за нормална работа, да бидат тестирани наредниот викенд и да добијат зелено светло за враќање на тренинг.