Британската полиција истражува потенцијални закани кон сопругата на Мајкл Оливер

Мајкл Оливер

Полицијата во Велика Британија истражува серија од закани кои пристигнаа на сметка на сопругата на Мајкл Оливер, главниот судија од четвртфиналниот реванш помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.

Според првичните информации, телефонскиот број на Луси, сопругата на арбитарот, беше обајвен на Фејсбук веднаш по завршувањето на дуелот во Мадрид, кој „кралевите“ го добија со контроверзниот пенал на Кристијано Роналдо. Полицијата го исклучи телефонскиот број, а исто така прави истрага и се сомнева во неколку лица кои тропале на вратата од домот на англискиот пар.

Луси исто така е фудбалски судија и работи во првата англиска дивизија во женска конкуренција.

По арбитражата на „Сантијаго Бернабеу“, Оливер се врати на премиерлигашките мечеви и беше четврт судија на дуелот Хадерсфилд и Вотфорд.