• Горан Упале

Екипата на Селтик продолжува да „гази“ ширум шкотските терени и по 12. одиграни кола во домашното првенство, сè уште е единствената екипа која ја нема вкусено горчината на поразот.
Денес, „зелените“ од Глазгов со убедливи 0-4 славеа победа на гостувањето кај Сент Џонсон. Синклер, Дембеле, Андерсон (автогол) и Нтчам ја донесоа деветтата победа на Селтик во новата сезона, а овој триумф е од големо значење за менаџерот на тимот, Брендан Роџерс.
Имено, некогашниот предводник на Ливерпул со оваа победа стигна до бројката од 63 натпревари без пораз на домашно тло, што го прави единствениот менаџер во Велика Британија со вакво достигнување.
consecutive games unbeaten in domestic competition - #CelticFC set a new British record. pic.twitter.com/Fxv9kvZ1DF
— Celtic Football Club (@celticfc) November 4, 2017
Интересен е податокот што Роџерс од тронот го симна Вили Малеј, кој исто така беше менаџер на Селтик. Легендарниот Мелај до 62 меча без пораз стигна пред точно 100 години, односно во сезоните 1916/17, кога Селтик доминираше на терените ширум Британија.