Бристол чека 11 години на победа над Норич

Во рамки на деветтото коло на Чемпионшип на „Ештон Гејт“ се сретнуваат Бристол Сити и Норич, тимови кои јасно покажаа дека оваа сезона нивната амбиција е да се борат за пласман во Премиер лигата. Двете екипи во овој судир влегуваат по реми од 1-1. Гостите едвај дојдоа до бод во 87. минута на гостувањето кај Брентфорд, а слична беше ситуацијата и кај домаќинот, кој на второпласираниот Свонси му откина дел од пленот со погодок од белата точка во 83. минута.

Сега и двете екипи се соочуваат со сериозен тест. „Канарците“ секако се во подобра форма - пред гореспоменатото реми, славеа над Ротерхем, Бирмингем и Викомб, додека тимот од југозападот на Англија ремизираше со Барнсли во шестото, додека во седмото претрпе пораз од Мидлсбро.

>>> Сите квоти на натпреварот Бристол Сити - Норич во MOZZART

Одбраните се солидно консолидирани и кога станува збор за тимот предводен од Дин Холден кој досега примил шест гола и кога зборуваме за Норич кој им дозволил на ривалите само еден повеќе.

Засега нападите не се премногу „распукани“, но претходните два меѓусебни дуели сугерираат голеада на „Ештон Гејт“. Во последната пресметка, Норич по пресвртот славеше на „Кароу Роуд“ со 3-2. Она што е прилично импресивно е што екипите вкупно испратија скоро 40 удари кон голот на противникот, од кои 14 беа во рамките. Претпоследниот дуел донесе нерешено 2-2, а ќе потенцираме дека на претходните осум натпревари, Норич победи пет пати, со три реми. Меморијата на Бристол за победата против „канарците“ не е свежа, бидејќи последната се случи во февруари 2009 година.