ВИДЕО: Брест ја продолжи добрата низа со „покер“ против сензацијата Ленс

Екипата на Брест продолжи да игра одлично во Лига 1 и славеше на домашен терен против Ленс (4-0), па така ја забележа третата победа во низа и со вкупно пет меча без пораз избега од опасната зона.

  • Извештај од натпреварот:

Ленс е изненадувањето на сезоната во Франција затоа што е меѓу најдобрите екипи на табелата, меѓутоа на овој натпревар гостите беа бледа сенка на она кое беа претходно во шампионатот. Брест доминираше од почетокот до крајот и заслужено победи.

Со три гола во првиот дел, се најави убедливата победа. Муние во 3. минута, а потоа Шардоне и Фавр во 13. и 33. минута донесоа 3-0 за домашните на паузата, а во второто полувреме, Ле Дуарон со првиот гол на мечот го постави конечниот епилог.

Брест сега е четиринаесетти во Лига 1, додека Ленс останува третопласиран.

Состави

Michel Der Zakarian

4-4-2

    Franck Haise

    3-4-1-2