ВИДЕО: Брест одигра моќно второ полувреме и преку пресврт славеше во Марсеј

Фудбалерите на Брест продолжуваат со неверојатните игри и резултати во овој дел од францускиот шампионат и вечерва приредија изненадување на гостувањето кај гигантот Олимпик Марсеј и победи преку пресврт со 1-2 (1-0).

На „Велодром“ домашниот тим натпреварот го започна како голем фаворит, но и со погодок по само 29. минути игра, но во вториот дел целосно потфрли во дефанзивата и дозволи гостинот да си замине со големи три бода. 

По само седум минути игра во второто полувреме Фавр ја врати неизвесноста на мечот и израмни на 1-1, додека на 20 минути до крајот Хонорат ја замолкна домашната публика и погоди за конечни 1-2 и шеста победа во низа на Брест во Лига 1.

  • Извештај од натпреварот: 

Погодокот за домашниот тим го постигна Жерсон на додавање на првата ѕвезда на тимот Димитри Паје.

Состави

Jorge Sampaoli

3-4-2-1

    Michel Der Zakarian

    4-4-2