• Мартин Танасковски
Екипата на Пари Сен Жермен оваа сезона нема конкуренција во Франција. „Светците“ се соочија со ланското изненадување Брест и славеа убедливо со 3-1 во рамки на третото коло од Лига 1.
Брест прв поведе на натпреварот, но тоа само го налути фаворитот. Гостинот дојде до позитива во Париз додека се играше 29. минута, кога Дел Кастиљо од пенал донесе предност. Тоа беше се за Брест на овој меч, останатото беше во знакот на ПСЖ.
Фаворитот израмни во 42. минута преку Осман Дембеле кој доби топка од Асенсио и реализира. 1-1 беше резултатот на паузата, а се играше 73. минута кога Фабиан Руиз донесе предност. И кога Брест тргна во напад за да израмни следната минута, следеше пресечена топка, па акција до Осман Дембеле и нов гол за 3-1.
- Извештај од натпреварот:
ПСЖ е единствен тим со максимален учинок во Лига 1 и четири победи на четири средби.