Брест ќе ги игра историските мечеви во ЛШ на друг стадион

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече забрана за стадионот на францускиот прволигаш, Брест, кој ќе мора да ги игра мечевите од Лигата на шампионите на друг спортски објект. 

Стадионот на Брест има капацитет од само 5.000 седишта и не ги исполнува критериумите на УЕФА, па затоа клубот ќе мора да настапува на друг стадион, најверојатно оној на Гингамп, кој може да прими 19.000 гледачи. 

Одобрението од Европската фудбалска унија (УЕФА) треба да биде официјално соопштено деновиве. Брест за првпат во својата историја се квалификуваше за Лигата на шампионите, откако заврши на третото место во Лига 1, веднаш зад ПСЖ и Монако