Брест го расипа дебито на новиот тренер на Марсеј во Лига 1

Брест стигна до важна победа на домашен терен откако со 2-0 го совлада Олимпик Марсеј во натпрепвар од 23. коло од Лига 1.

Домашниот тим го предводеше искусниот Лудовик Ажорк, кој со два погодоци беше клучната фигура на натпреварот. Напаѓачот го отвори резултатот во 10. минута, откако одлично реагираше по грешка во одбраната на гостите и со глава го совлада Рули. Истото сценарио се повтори и во 29. минута, кога Ажорк повторно беше највисок во скокот по центаршут на Мањети и зголеми на 2:0.

Марсеј имаше можност да се врати во игра во 82. минута, но Гринвуд не успеа да реализира пенал, откако голманот Кудер ја прочита неговата намера.

  • Извештај од натпреварот:

Со оваа победа Брест се искачи на 11. позиција со 30 бодови, додека Марсеј останува на четвртото место со 40 бодови кој претрпе пораз и на дебито на новиот тренер Хабиб Беје.