Бреша го отпушти Гросо и го врати Корини на клупата

Новиот калчолигаш Бреша го отпушти тренерот Фабио Гросо, само три недели по неговото назначување. По три порази без постигнат гол, клубот од Ломбардија го врати стариот тренер Еугенио Корини само еден месец по неговото отпуштање.

По поразот со 0-3 од лутиот ривал Аталанта, претседателот Челино се одлучи за овој непопуларен потег. Бреша запиша шест порази едноподруго и освои само еден поен во последните девет меча.

Минаттаа сезона, токму Корини успеа да ја донесе Бреша во Серија А, освојувајќи ја титулата во втората лига. В недела попладне Бреша гостува на теренот на СПАЛ во Ферара.