• Мартин Танасковски

Екипата на Брера од Струмица остана без повеќе првотимци во текот на месец јануари, но доаѓа странско засилување за да го подигне нивото на игра на клубот кој го чека битка за опстанок во ПМФЛ.
Нов фудбалер на Брера Струмица е Јамајканецот Ревалдо Мичел. Се работи за 22-годишен крилен играч кој ќе го засили нападот на клубот, а доаѓа од екипата на Работнички каде не доби голема шанса да ги покаже своите квалитети.
Мичел ќе биде позајмен во Брера од Работнички до крајот на актуелната сезона. За играчот Македонија е прва европска станица, откако претходно тој настапуваше само во Јамајка, за екипите на Ватерхаус, Арнет Гарденс, Молинес и Портмор Јунајтед.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.