• Горан Упале

Македонскиот младински репрезентативец Никола Величковски се реши за нов предизвик во кариерата и се врати во татковината. Негов нов клуб ќе биде струмичка Брера. Тој веќе тренира во новиот клуб и се подготвува за стартот на новиот шампионат во ПМФЛ.
19-годишниот Величковски во Струмица доаѓа од соседна Бугарија од екипата на Септември од Софија а во својата кариера настапуваше за Вардар, Работнички и Македонија ЃП.
Станува збор за млад надежен фудбалер кој игра на повеќе позиции во нападот. Важи за еден од носителите на македонската фудбалска репрезентација до 21 година а за младинските селекции на Македонија има над 20 настапи и запишано пет гола.
Брера новата сезона во ПМФЛ ја отвора против кратовски Силекс.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






