• Горан Упале

Босанскиот фудбалер Емрах Макич е нов фудбалер на Брера за новата првенствена сезона. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој во својата кариера има играно за повеќе босански клубови, а една сезона настапуваше и во хрватскиот фудбалско првенство.
Макич кој доаѓа од второлигашот ОФК Градина од Сребреник игра во дефанзивата и во средниот ред и веќе пристапи на тренинзите на новиот клуб. Емрах Макич во својата кариера има играно во Бихач, Раднички Лукавац, Горажде, а беше дел и во младинскиот тим на Сараево и Јајце.
Новата сезона во ПМФЛ започнува викендов, а Брера во првото коло ќе се сретне со Силекс.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.




