Брера против тим од Андора во младинската ЛШ, во второто коло може да се судри со Бундеслигаш! 

Младинскиот состав на Брера Струмица го дозна првиот противник во новата европска авантура. На денешната ждрепка во Нион, струмичани го добија тимот на Санта Колома од Андора во првата квалификациска рунда од младинската Лига на шампионите.

Брера на патот кон следната фаза, првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен. Дуелот во Андора е закажан за 16 септември, додека реваншот во Струмица ќе се игра на 14 октомври.

Доколку македонскиот претставник успешно ја мине првата пречка, во втората квалификациска рунда го очекува уште посериозен предизвик. Таму потенцијален ривал е Хофенхајм, па младите струмичани ќе имаат дополнителен мотив да стигнат до следната фаза.

За Брера Струмица ова ќе биде втор настап во младинската Лига на шампионите во последните три години.