• Горан Упале

Екипата на Брера Струмица забележа пораз од Ченоморец Одеса со 3-1 во вториот контролен натпревар од подготовките во Анталија, Турција.
Како и на дуелот со Верес, така и против Черноморец Одеса, фокусот на струмичани беше на играта и увидот на индивидуалните перформанси на играчите, па затоа шанса за настап добија сите фудбалери. Единствениот гол за Брера на овој натпревар го постигна Ибрахим Олаосебикан.
Според распоредот Брера во вторник треба да се сретне со екипата на Рух од Полска, а пријателските натпревари во Турција ќе ги заокружи со судир со Атурај од Казахстан.