• Мартин Танасковски

Екипата на Брера Струмица на домашен терен го пречека Башкими и освои важен бод (1-1) во битката за опстанок во најдобриот македонски шампионат - Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Кумановчани беа многу близу до победата, но едно невнимание во финишот им пресуди да го поделат пленот со струмичани на стадионот „Благој Истатов“. Дуелот не беше многу допадлив, но понуди активна игра со доста борба, на крајот ремито можеби е и реален исход.
Што се однесува до головите во Струмица, Башкими прв дојде до предност. Течеше 35. минута кога одличен гол со глава постигна корпулентниот Аворнио и донесе радост за тимот на Муарем. Брера беше поактивна, не заслужи да губи во првиот дел, но тоа ѝ се врати во самиот финиш. По ВАР-проверка, судијата покажа на белата точка, а одговорноста ја презеде Ндзенге кој ја смести топката зад грбот на голманот Јашар кој дотогаш бранеше одлично и го сочува својот гол.
Башкими е петти во ПМФЛ по девет одиграни кола, додека Брера е седмопласирана.



